одржливи
локални заедници за локален економски развој
За нас
Норгес Вел е независна, невладина организација основана како сестринска организација на „Кралското Норвешко општество за развој“.
Организацијата е основана со цел да придонесе кон одржливи локални заедници преку демократски , социјално одговорни акции и одржлив бизнис развој.
Визија
Визијата на Норгес Вел е да го поттикне развојот на локалните средини создавајќи клима која ќе ги унапреди основните човечки вредности преку едуцирање, добро менаџирање и бизнис напредок.
Норгес Вел преку својот транспарентен пристап користи методи кои теоријата ја преточуваат во пракса. Преку неформално едуцирање и широк обем на домашна и меѓународна експертиза Норгес Вел пред сѐ се залага за создавање транспарентни – отворени локални бизнис заедници кои ќе дадат свој придонес кон унапредувањето на локалната економија и стандардот на локалното население.
Норгес Вел има повеќе успешни проекти во Македонија, како и активна вклученост во проектите за прекугранична соработка со соседна Бугарија.
Обуки за обучувачи
Квалитетен кадар
Образование за возрасни
Сертифицирани обуки за возрасни во ВЕТ
Проектен менаџмент
Бизнис план и изработка
Управување со човечки ресурси
Експертиза
Стручен тим од надворешни и внатрешни експерти
Консултантски услуги
ИПАРД, ЕУ проекти
Мисијата на Норгес Вел е да го поттикне развојот на локалните средини создавајќи клима која ќе ги унапреди основните човечки вредности преку едуцирање, добро менаџирање и бизнис напредок.
Нашиот тим
Локалната канцеларија на Норгес Вел работи во делот на поттикнување и унапредување на локалните заедници преку социјално претприемништво и бизнис унапредување.

Проекти и активности
Норгес Вел, во соработка со НВО Инфоцентар, активно работи на зголемување на граѓанското учество во локалните политики во рамките на проектот Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво” (2019-2020), поддржан од меѓународниот центар Улоф Палме.
Јакнење на капацитетите на руралните жени од Кривопаланечко
Голем број рурални жени се уште немаат доволно информации, знаење...
Прочитај повеќе...